Чествување на жените/Подобрете статија
Outdated translations are marked like this.
Ги чествуваме жените!
Подобрете и проширете статија
Можете да ни помогнете во подобрувањето на постоечките биографии за жени на Википедија. Во овие подобрувања влегуваат:
- Порелевантни информации кои ја објаснуваат статијата со сознанија прикладни за биографија.
- Повеќе наводи од доверливи извори.
- Подобрено изразување.
- Додадени слики.
Напатствија
Чекор 1: Најдете статија за подобрување:
Можете да ги истражите статиите за жени според
Чекор 2: Додајте ги информациите:
- Најдете соодветни наводи на семрежјето или од книга и стиснете на „Уреди“ во статијата.
- Стиснете на „Уреди“ на врвот од статијата, а ако ви се прикажува код, стиснете на за да се префрлите на Нагледниот уредник.
- Напишете ги информациите што сакате да ги додадете на Википедија со ваши зборови (не копирајте туѓа работа).
- Додајте го наводот на крајот од реченицата.
- Стиснете на „Објави промени“ и кажете што сте направиле во описот.
Како да ставате врски
Сите страници на Википедија треба да се меѓусебно поврзани:
- Најдете страница во која сакате да ставите врски.
- Најдете зборови на страницата што би воделе кон други статии.
- Стиснете на „Уреди“ на врвот од статијата, а ако ви се прикажува код, стиснете на за да се префрлите на Нагледниот уредник.
- Ставете врски до другите статии. Не го правете ова на секое спомнување на зборот, туку само на првото.
- Стиснете на „Објави промени“ и кажете што сте направиле во описот и вклучете #WikiGap.
Додајте слики
Можете да го подобрите квалитетот на статијата додавајќи ѝ слики.
- Најдете статија на која сакате да ѝ додадете слики.
- Проверете дали истата статија има слика во нејзините верзии на други јазици.
- Стиснете на „Уреди“ на врвот од статијата (ако ви се покажува код стиснете на за да се префрлите на Нагледниот уредник).
- Додајте слика
- Стиснете на „Објави промени“ и кажете што сте направиле во описот и вклучете #WikiGap.