Матичниот Википедијанец во ДАРМ е активен од 4 јануари 2016 година. Во соработка со Државниот архив на Република Македонија досега се ослободени за Википедија 1027 податотеки, а бројот расте. Целта на овој предизвик е да се употребат податотеките од оваа категорија, во статии на било кој јазик.
Овој натпревар ќе се одвива еден месец, од 00:01 15 јуни 2016 година, до 23:59 15 јули 2016 година.
Ако сте направиле некои од активностите опишани подолу од 4 јануари 2016 година до сега, слободно впишете ги соодветните поени.
Пет комплети книги во вредност од 1200 денари, или вкупна вредност од 100 евра.
Сè што треба да сторите е да се вклучите. Додадете го своето корисничко име на врската подолу, заедно со вашата страница од матичната Википедија; откако ќе создадете или ќе подобрите статија на било која јазична Википедија вратете се овде и под вашето корисничко име, во соодветниот простор, додадете врска до новата статија што сте ја создале, заедно со поените. Сите други ваши активности поврзани со овој натпревар додадете ги на страницата на вашата матична Википедија. Овде се потребни: вкупниот број на поени и новите статии. За да се пријавите, следете го примерот, прикажан подолу. Исто така имајте го на ум начинот на бодување, впишан подолу.
Фокусот на овој натпревар е да се употребат податотеките од оваа категорија:Wikpedian in Residence at DARM. Сите податотеки имаат опис на македонски и на англиски јазик.
Бодување
Поените сами ги пресметувате. Ваша одговорност е да ги бележите своите активности. Добивате поени преку подобрување (пишување, проширување, превод, употреба на податотеките) во статии на Википедија. Целта на секој учесник е да добие што поголем број на поени.
На Википедија
10 поени: Создавање нова статија која не постоела претходно на Википедија (најмалку 3.000 бајти)
5 поени: Проширување на постоечки никулец со текст или употреба на податотека (најмалку 3.000 бајти)
5 поени: Создавање на нов "никулец" со текст или употреба на податотека (помалку од 3.000 бајти)
На Викидата
1 поен: Додавање на опис
1 поен: Додавање на нов јазик или опис (2 поени ако ги направите двете)
Секој Википедијанец со корисничка сметка на било кое Вики може да учествува. За да учествувате, запишете се во делот на Учесници.*Забелешка: Ако сте презеле некои од активностите за кои се добива поени, опишани погоре, а од 4 јануари 2016, слободно впишете ги соодветните поени.* Потребни статии
Пример
Притиснете на линкот за да се запишете. Појдте на дното, копирајте го кодот и запишете го:
| | | | | |-
а пред знакот |}
Првото | е место за вашето корисничко име, пример: Violetova
Второто | е место за вашата матична Википедија како и за знамето на вашата земја (знамето е по желба) Macedonia Macedonia
Третото | е место за number of points
Четвртото | е место за вашата страница како учесник на овој натпревар на вашата матична Википедија, исто така и список за вашите нови статии,
Петото | е место за вашите коментари доколку ги имате
ex.: mk wiki
Откако ќе создадете статија на било кој јазик, вратете се овде и под вашето име во соодветниот дел, ставете врска до новата статија што ја создадовте, и соодветните поени. Сите останати ваши придонеси поврзани со овој натпревар запишувајте ги на вашата страница за натпреварот на матичната Википедија, заедно со бодувањето. За да нема гужва на оваа страница, препорачуваме овде да ги поставите само: вкупните поени и новите статии.
All participants of the challenge and their points.
Please list all new articles here and total number of your points.
For other contributions (on Wikidata, for example), use your Challenge page