Македонски: На триножник со триаголник за жарење, се поставува лименка во која има неколку милилитри вода. Лименката се загрева, а водата почнува значително да испарува. По извесно време од излегувањето на парите од отворот на лименката, загревањето се прекинува. Потоа, лименката се префрла во стаклена кадичка исполнета со вода и тоа со отворот свртен надолу. Лименката се сплескува и се исполнува со вода.
Кога лименката е на триножникот, притисокот на парите од водата во лименката е еднаков на атмосферскиот притисок. Во лименката има течна вода, водна пара и воздух. Како што се зголемува количеството на водната пара (при вриење), таа го истиснува воздухот од лименката. Кога лименката се постави во кадичката, доаѓа до ладење и кондензација на водната пара, а притисокот во лименката се намалува. Течната вода зафаќа многу помал волумен од исто количество водна пара. Доаѓа до имплозија (ова може да се сфати како обратен процес од експлозија). Намалениот притисок во лименката доведува до сплескување и до повлекување на водата од кадичката во лименката. Накратко:
H2O(l) = H2O(g) Вриење: експанзија и преминување на водната пара во атмосферата
H2O(g) = H2O(l) Кондензација: притисокот се намалува, лименката се сплескува
Осмислено и изведено од Марина Стојановска, Миха Буклески и Владимир Петрушевски, Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.
English: The apparatus consists of a tripod and triangle and a can containing a few milliliters of water. The can is heated and the water begins to evaporate significantly. It can be noticed that the water vapors escape from the opening, and shortly after, the heating is seized. The can is transferred to the glass tank half full of water taking into account that the opening is facing down. The can implodes and fills with water.
When the can is on the tripod, the water vapor pressure is equal to the atmospheric one. The can contains liquid water, water vapor and air. As the amount of water vapor increases (during boiling), it displaces the air from the can. When the can is placed in the glass tub, the water vapor cools and condenses, and the pressure in the can decreases. Liquid water has much smaller volume compared to the same amount of vapor. An implosion (a process that is an opposite of explosion) occurs. The lowered inner pressure of the can is responsible for the can smashing, followed by the water filling. In a few words:
H2O(l) = H2O(g) Boiling: expansion and flow of the water vapor in the atmosphere
H2O(g) = H2O(l) Condensation: the inner pressure decreases, the can is smashed
Planned and performed by Marina Stojanovska, Miha Bukleski and Vladimir Petruševski, Department of Chemistry, FNSM, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, Macedonia.
to share – to copy, distribute and transmit the work
to remix – to adapt the work
Under the following conditions:
attribution – You must give appropriate credit, provide a link to the license, and indicate if changes were made. You may do so in any reasonable manner, but not in any way that suggests the licensor endorses you or your use.
share alike – If you remix, transform, or build upon the material, you must distribute your contributions under the same or compatible license as the original.