Description34. Каталитичка оксидација на амонијак.ogv
Македонски: Во проточна комора се става концентриран воден раствор од амонијак (околу 20 mL). На долниот крај лево се наоѓа балон полн со воздух, што преку стаклена славина е приклучен на комората. Од горната страна комората се затвора со гумена затка низ која минува соодветен држач на кој e прицврстена платинска фолија (катализатор). Во U-цевката (десно горе) има раствор од дифениламин во концентрирана сулфурна киселина.
Низ растворот од амонијак се пропушта слаба струја воздух. Платинската фолија се усвитува на гасна греалка и се става во комората. Се дотерува струјата од воздух така што фолијата да остане усвитена (емитира портокалова светлина). Бргу потоа течноста во U-цевката се бои темносино, што е показател дека се формирани продукти што имаат оксидациони својства. Хемиските реакции може да се опишат со следниве равенки:
NH3(aq) = NH3(g) Воздухот барботира низ растворот и повлекува со себе дел од амонијакот
4NH3(g) + 5O2(g) = 4NO(g) + 6H2O(g) Реакција што се одвива на површината од катализаторот
2NO(g) + O2(g) = 2NO2(g) Се одвива со вишокот од кислород
NO2 е силно оксидационо средство и го оксидира растворот од дифениламин. Оксидационите продукти имаат интензивна темносина боја (реакција што се одвива во U-цевката).
Осмислено и изведено од Марина Стојановска, Миха Буклески и Владимир Петрушевски, Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.
English: A flow-chamber contains some 20 mL of NH3(aq, conc). An air-filled balloon is attached on the lower left part of the chamber via a glass tap. The chamber is stoppered from above with a rubber-stopper. A suitable holder passes through the rubber with a catalyst (a platinum foil). The U-tube contains a solution of diphenylamine in H2SO4(l).
A slow stream of air is passed through the aqueous ammonia. The foil is heated on a burner until it glows and is placed in the chamber. The stream of air is monitored so that the foil glows orange. After few seconds the liquid in the U-tube turns dark blue, a proof that a strong oxidation agent is being formed. The chemical reactions can be described by the following equations:
NH3(aq) = NH3(g) Air bubbles through the solution and carries some ammonia gas
4NH3(g) + 5O2(g) = 4NO(g) + 6H2O(g) A reaction that occurs at the surface of the catalyst
2NO(g) + O2(g) = 2NO2(g) With an excess of oxygen, NO2 is formed
NO2 is a strong oxidizer and oxidizes the diphenylamine solution. The oxidation products have deep blue color (the reaction in the U-tube).
Planned and performed by Marina Stojanovska, Miha Bukleski and Vladimir Petruševski, Department of Chemistry, FNSM, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, Macedonia.
to share – to copy, distribute and transmit the work
to remix – to adapt the work
Under the following conditions:
attribution – You must give appropriate credit, provide a link to the license, and indicate if changes were made. You may do so in any reasonable manner, but not in any way that suggests the licensor endorses you or your use.
share alike – If you remix, transform, or build upon the material, you must distribute your contributions under the same or compatible license as the original.