Македонски: Прекршување на зрак низ планпаралелна плочка со помош на иглички (чепкалки за заби). На хартијата под планпаралелната плочка се црта положбата и обликот на плочката. Од едната страна на плочката на некое растојание се поставува игличка. Од истата страна, до плочката се поставува и втора игличка, така што од одбран агол на гледање ќе се поклопува со првата игличка. Од другата страна, до плочката се поставува трета игличка така што од истиот агол на гледање ќе се поклопува со сликата на втората игличка. Се поставува и четврта игличка на поголемо растојание од плочката која се поклопува со третата игличка. Се црта зракот што се емитира од првата игличка, минува низ планпаралелната плочка и изглегува од неа. Со испрекинати линии се цртаат нормалите на граничната површина воздух - стакло и стакло - воздух во точката каде упаѓа зракот. Со испрекинати линии се продолжуваат правците на упадниот и последниот прекршен зрак. Се забележува дека тие се паралелни. Ова значи дека зракот по прекршувањето воздух - стакло и стакло воздух не го менува правецот туку само се поместува. Изведен од проф. Оливер Зајков на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
to share – to copy, distribute and transmit the work
to remix – to adapt the work
Under the following conditions:
attribution – You must give appropriate credit, provide a link to the license, and indicate if changes were made. You may do so in any reasonable manner, but not in any way that suggests the licensor endorses you or your use.
share alike – If you remix, transform, or build upon the material, you must distribute your contributions under the same or compatible license as the original.