Fundraising/Translation/Problems donating/mk

This page is a translated version of the page Fundraising/Translation/Problems donating and the translation is 95% complete.
Outdated translations are marked like this.

Дали порталов е безбеден?

Порталот за доброволни прилози за Фондацијата Викимедија е крајно безбеден благодарение на [$VerisignURL Verisign Trusted]. Кога ќе стиснете на плакатот за дарување, ќе бидете одведени на безбеден портал (https); сите информации се шифрирани и врз нив се применува највисок стандард на заштита.

Сè уште не се нуди начинот на уплата што го претпочитам.

Жал ни е што не можеме да ви го понудиме претпочитаниот начин на уплата. Во иднина се надеваме дека ќе имаме повеќе можности за уплата и повеќе валути. Погледајте го целосниот список на други начини на уплата.

Зошто ми ја одбија уплатата од кредитна/дебитна картичка?

Доколку не ви успеа обидот за уплата, проверете ги следниве нешта во врска со дебитната/кредитната картичка:

  • Дебитната/кредитната картичка треба да може да се користи меѓународно. Засега не прифаќаме картички што можат да се користат само во земјата на издавање (домашни картички). Јавете се во вашата банка и побарајте да ви се овозможи меѓународно плаќање.
  • Кредитните картички од САД, Велика Британија и Канада се прифаќаат само во земјата на издавање.
  • Засега не ги прифаќаме сите виртуелни картички. Ваквите картички често се користат за купување по интернет со цел да се заштитат чувствителните податоци на вашата вистинска картичка. Меѓутоа, можете да бидете сигурни дека нашиот обработувач на уплати е професионален и работи по највисоки стандарди, па така вашите податоци се крајно безбедни. Затоа, ако системот ви ја одбие виртуелната картичка, слободно користете традицонална кредитна/дебитна картичка.
  • Ако користите дебитна картичка, имајте предвид дека безбедносниот код (CVV) е незадолжителен. Ако на картичката немате таков код, едноставно прескокнете го тоа поле.
  • Вашата банка може да го заклучила уплаќањето. Ова е особено веројатно ако ова ви е прво дарување за Викимедија. Тогаш ќе треба да се ѝ јавите на банката и да побарате да ги отклучат идните уплати за Викимедија. Доколку банката не е во можност да ја утврди причината за проблемот, пишете ни на problemsdonating@wikimedia.org. За ваша безбедност, во напишаното не го наведувајте бројот на картичката.

Зошто ми ја одбија уплатата со PayPal?

Доколку ви е одбиена или откажана уплатата со PayPal, обратете ѝ се на службата за корисници на PayPal за повеќе информации. Можете и да се јавите право во PayPal на бројот 888-221-1161 за САД или 402-935-2050 ако се јавувате од друга земја. Еве некои почести причини за неуспех на уплатите:

  • PayPal понекогаш бара резервен начин на плаќање од повеќе различни причини, како што се достигнувањето на месечното ограничување или вршењето на паричен пренос. Овој проблем ќе го решите ако на сметката ѝ ставите резервен начин на плаќање.
  • PayPal понекогаш дава известување дека не работи уплати од дадена земја. Меѓутоа, ова може да го добивате и кога PayPal од вас бара уште дополнителни лични податоци. Обратете се кај нивната служба за корисници и тие ќе ви кажат повеќе за проблемот. Ова е особено чест случај во некои делови од Азија и подрачјето на тихоокеанските острови.
  • Би сакале да ви соопштиме дека повеќе не работиме со уплати од PayPal од Јапонија и Сингапур поради внатрешните регулативи на тие две земји.

Добив известување за грешка при уплатата, но сепак гледам дека износот ми е одбиен од сметката.

  • Доколку добивте известување за грешка во кое се вели дека уплатата не се прифаќа, ова може да значи дека вашата уплата не е обработена или прифатена од Фондацијата Викимедија. Обратете ни се на problemsdonating@wikimedia.org за да ви дадеме повеќе информации за уплатата. Во напишаното не наведувајте податоци од картичката.
  • На сметката може да ви стои одбиена банкарска провизија, што е стандардна постапка за секое електронско плаќање. Ако уплатата е неуспешна, банката ќе ви ја врати провизијата во рок од 3-5 работни дена, зависно од нивните правила на работа. Ако сакате повторно да се обидете со уплатата, појдете на нашата страница „Начини на дарување“ за да ги добиете сите можности.

Зошто образецот за дарување не ми ги прима податоците што ги внесувам?

Проверете дали прелистувачот ви е од понова верзија, дали имате овозможено JavaScript и дали не им давате предност на извесни домени (бел список). Исто така, проверете дали сте ги пополниле сите полиња исправно: дали е-поштата е правилно напишана и дали ги имате внесено сите цифри од бројот на кредитната катичка. Имајте на ум дека во полињата не треба да се оставаат празни простори, бидејќи и тие може да бидат причина за неправилностите.

Зошто добив уверение за предупредување/грешка кога уплаќав?

Ова веројатно се должи на тоа што имате застарена верзија на прелистувачот. Подновете го или користете друг прелистувач.

Зошто во образецот ја нема мојата земја или валута?

Плакатот што го стиснавте е поставен така да ве пронаоѓа по место, согласно IP-адресата што ни ја дава вашиот услужник. Мал број дарители имаат проблем со утврдувањето на место според IP-адресата и им треба посебен плакат за нивната земја. Ова највеќе се случува ако патувате. Доколку го имате овој проблем, пишете ѝ на екипата за прибирање средства на donate@wikimedia.org. Не заборавајте да ја наведете вашата земја на живеење и/или валутата за да можеме да ви ја пратиме исправната адреса за дарување.

Како да ја изменам/откажам повторливата уплата?

Напатствија за откажување или измена на потворливата уплата ќе најдете на страницата Откажување или измена на повторлива уплата.

Уште имате проблеми?

Екипата за прибирање средства при Фондацијата Викимедија е мала, па затоа би ве замолиле да ги прочитате честите прашања погоре. Исто така, погледајте ги често поставуваните прашања и таму напишаното треба да ви помогне за секој проблем што може да ви се јави. Ако ви треба помош да го решите проблемот со дарувањето, обратете се на donate@wikimedia.org. Наведете кој прелистувач го користите и на која врска за дарување сте стиснале, а потоа опишете ја грешката, или, ако може, слика од екранот.