Глобални права

This page is a translated version of the page Global rights and the translation is 100% complete.

Оваа страница документира глобални права, особено постапката за предлагање и спроведување на глобални групи, начелата на кои почива употребата на тие глобални права, како и ограничувањата на нивната употреба.

Начела

Начелото на глобалните кориснички права на Викимедиините проекти е дека тие се воведени да даваат можности кои ги нема на месните проекти. Глобалните права немаат за цел да ги заменат правата на месните проекти, и сите глобални права мора да се користат во согласност со месните правила кои важат за таа употреба. Во отсуство на правила за глобални кориснички права на еден месен проект, за случајот ќе важат правилата за еквивалентното месно право. Ако корисникот кој користи глобално право тоа го прави без сознанија за месното правило, или пак не може да го прочита поради јазични пречки, истиот треба да знае дека нарушувањето на месните правила ќе биде казнето со отстранување на глобалното право.

Предлагање на нови групи

Сите предлози за нови или значајно изменети глобални кориснички групи мора да се објават и дискутираат на прикладен начин и доволно време за да се обезбеди можност за учество на членовите на сите Викимедиини проекти. Во најмала рака ова значи известувања на селската чешма (или нејзин истоветник) на сите проекти, и по можност разгласи на врвот од викито за сите поважни предлози.

Злоупотреба на глобални права

Секоја злоупотреба на глобално корисничко право се казнува со непосредно одземање на истото. Злоупотребата претставува намерно кршење на на месно или глобално правило, или пак постојано нарушување на месни или глобални правила поради незнаење или неспособност (заради јазична пречка) да се разберат месните правила. Злоупотребата на глобални правила треба веднаш да се пријави кај Викимедиините надзорници на нивната огласна табла или на адресата stewards wikimedia.org.

Доделување на глобални групи

Доделувањето на глобални групи се врши според критериуми изложени во глобалните правила за употреба на секое од поединечните глобални права. Поединечните правила треба да го земаат предвид потребниот степен на доверба и начините на утврдување дали тие услови се задоволени.

Стапување во и напуштање на глобални групи

Секој проект има техничка можност да стапување во или напуштање на поединечни глобални групи преку Special:WikiSets. Процесот на истапување треба да се покрене од месните проекти следејќи ги месните постапки за постигнување на консензус за правила.

Поврзано