Тесвики
тесвики (thesswiki) е проект за викиград кој има за цел да им овозможи на жителите на Солун да ја дигитализираат историјата и културата на градот, користејќи ја Википедија како најзначајната семрежна енциклопедија во светот, притоа поврзувајќи ги дигиталните содржини во градскиот простор. „тесвики“ е киберфизички проект, со намера да влијае врз културата, образованието, туризмот и е-управувањето. Ова е искуствена културно-образовна активност, давајќи можност за слободен и лесен пристап до сознанија за секојдневието на граѓаните и употребата на викија во јавниот простор и градската култура. Поединечните активности кои се однесуваат на образовната димензија на проектот се: семинари за обука за работа на Википедија, википедијански собири од меѓународен карактер (викикампови), семрежни семинари, работилници и тн.
Заинтересираните учесници за пишување на статии на македонски треба да ја користат посебната страница „Википедија:ВикиПроект Тесвики“ на македонската Википедија. Напишаните наслови потоа ќе бидат префрлени и во овдешната евиденција.
Солун: Википедиски град
Проектот ќе започне со отворање на содржините што тековно се наоѓа во галериите, музеите, библиотеките и архивите (ГБАМ) во Солун, а со цел да ги покриеме значајните зданија и места, настани, споменици, личности и творци на што повеќе јазици. Се покануваат солунците од целиот свет (вклучувајќи ги народите со важна историска поврзаност со градот, како што се Македонците, Бугарите, Турците, Ерменците, Русите, Евреите, Англичаните, Французите, Украинците, Грузијците и др.) да учествуваат во зајакнувањето на овие содржини. Истите ќе бидат достапни преку QR-кодови на таблички поставени на зданијата и спомениците, кои посетителите од тие и други земји ќе можат да ги отчитаат со паметни телефони и веднаш да добијат најтековни статии за сите аспекти од животот во Солун на нивниот мајчин јазик.
Проектот е сличен на Монмаутпедија, Гибралтарпедија, Фреопедија и други проекти за викиградови ширум светот, кои ја имаат поддршката од фондацијата Викимедија, а чиј исхоид е значаен пораст во употребата и влијанието на Википедија. Проектот „тесвики“ е прв и најголем меѓународен подвиг од овој вид на Википедија, земајќи ја предвид големината и историјата на градот, како и првиот ГБАМ-википроект во Грција. Солун е идеален град за еден веков проект поради неговата мултикултурност, како во минатото така и денес, но и поради големиот удел на младо население и голем број на доброволечки организации од областа на ГБАМ (т.е. поврзани со галерии, библиотеки, архиви и музеи).
Кој го поддржува проектот?
Проектот се одвива под надзор на градската управа на Солун, а координинативна улога има „ПостСкриптум“ (PostScriptum) — најзначајната организација за дигитално советување за културни (ГБАМ) организации. Се заснова на предлогот на Корисничката група на Викимедијанци во Грција, а со поддршка д градоначалникот Јанис Бутарис, прогласен за осми најдобар градоначалник во светот од Фондацијата на градоначалници во 2015 г. Проектот ќе се изведе во соработка со Друштвото за слободен и отворен код (GFOSS), доброволечки организации (преку 2.000 доброволци-учесници на настанот „Солун — младинска престолнина“ во 2014 г.) и платформи, како и високообразовни установи и сите поважни музеи, библиотеки и архиви во градот. Сите чинители веќе се навлезени во разговори и соработка, и планираат спроведување на конкретни чекори. Откако ќе се доврши работата на проектот, ќе се и Викимедиините ограноци и кориснички групи од соседството и пошироко, со цел да се прошири досегот на проектот.
Фестивал „Димитрија 2015“
Проектот ќе биде објавен свеченото отворање на фестивалот „Димитрија 2015“ во септември, кој е најважниот годишен културен настан во Солун. За време на овој едномесечен фестивал ќе бидат поставени првите таблички со QR-кодови и улични знаци, ќе се спроведат поединечни активности поврзани со фестивалот, вклучувајќи ја обуката за Википедија, меѓународен викикамп, отворени дискусии и семинари. Сите тие се спроведуваат во соработка со неформални или доброволечки групи, а ќе бидат под раководство на „ПостСкриптум“ и Корисничката група на викимедијанци во Грција.
Одржливост на проектот
Проектот „тесвики“ е замислен како постојан и долготраен проект, со намера да опфати бројни активности во 2016 и 2017 г., придонесувајќи кон квалитетот и квантитетот на Википедија, да ја зголеми видливоста и влијанието на Википедија кај месното население, туристите, посетителите и корисничките групи од странство. Последователните активности ќе ги осмислат и остварат сите чинители, претежно во склад со општинските стратегии за е-управување и изградбата на „паметен град“.
Статии од интерес
Следниов (нецелосен) список ги опфаќа статиите кои би сакале да се прошират и преведат на што повеќе јазици, бидејќи кон нив ќе водат QR-кодовите на табличките поставени на зданијата и спомениците.
На 18 јуни се одржа уредувачки маратон, во обид да се создадат никулци и да ги прошириме статиите на Википедија на грчки, англиски и француски.
Табела
Боја | Значење |
---|---|
зелена | создадени по отпочнувањето на проектот (2015-06-11) |
сива | стари статии |