Здружение на ограноците на Викимедија/Генерален секретар
Outdated translations are marked like this.
This page is currently a draft. More information pertaining to this page may be available on the talk page. |
Генерален секретар на Здружението на ограноци на Викимедија
WCA – index |
---|
|
Звање
Мисија на Здружението на ограноци на Викимедија
Здружението на ограноци на Викимедија или ЗОВ (Wikimedia Chapters Association, WCA) заедничка организација на ограноците на Викимедија во разни делови од светот и ги застапува нивните заеднички интереси. Една од неговите цели е воспоставување, рецензија и примена на стандарди за отчетност и учество во рамките на членството. Здружението овозможува размена на искуства, идеи и знаење помеѓу ограноците и им помага во нивниот организационен развој, како и разработка на заеднички програми и проекти.
Опис на функцијата
Генералниот секретар е началник на организацијата. Избраниот Генерален секретар ќе биде одговорен за:
- Определување на организациската структура, објавување на понуди за работни места и најмување на службеници во секретаријатот;
- Изработка на стратешки план на здружението;
- Грижа за финансиската стабилност на организацијата;
- Усогласување на сите членки на организацијата;
- Изработка на годишни програмски планови за остварување на мисијата на ЗОМ;
- Раководење со сите формални административни задолженија, вклучувајќи финансиски, дописни, правни и технички работи;
- и подготовка за состаноците на советот на ЗОМ.
Пожелни лични особини
- Водач - избраниот Генерален секретар ќе треба да ја изгради организацијата од своите зачетоци во согласност со насоките зададени од советот на ЗОВ.
- Администратор - највеќето задолженија на Генералниот секретар ќе бидат од административна природа. Ќе треба да пишува подробни програмски планови, да прегледува правилници и уредби, финансови извештаи, програмски планови и програмски извештаи на други организации.
- Одлични комуникациски вештини - едно од главните задолженија на Генералниот секретар е комуникација со ограноците-членки. Тие се распоредени во разни делови од светот и поседуваат најразлични културни навики. Избраниот генерален секретар треба да биде мултикултурно настроен за да може успешно да работи со овие партнери.
- Желба и спремност за патување ширум светот.
- Докажано искуство во градење на и раководење со голема и разнообразна организација.
- За предност се смета искуството со други сродни/меѓународни/доброволни/непрофитни/рецензентски организации.
- Мора течно да го владее англискиот јазик. Познавањето на други јазици се смета за предност.
Одговара пред
Советот на Здружението на ограноците на Викимедија.
Изборна постапка
- Објавување на опис на работното место
- Избирање на фирма за ЧР (човечки ресурси)
- Избирање на поткомитет (4-5 луѓе) од членовите на заедницата, што ќе има за задача да го избере генералниот секретар.
- Интервјуирање на првичните кандидати преку Skype со цел да се направи потесен избор на кандидати.
- Лично интервјуирање на кандидатите од потесниот избор.