Wikimedia Macedonia/Што е Википедија? Зошто? Како? Кој?
Што е Википедија? Зошто? Како? Кој? е проект на локалниот огранок на Викимедија, Викимедија Македонија. Овој проект треба да биде семинар, на кој ќе биде изнесена презентација со основните информации за Википедија.
Информации
edit- Име: Што е Википедија? Зошто? Како? Кој?
- Категорија: семинар
- Датум и време: непознато
- Место: непознато (најверојатно Скопје)
- Времетраење 1 h - 2 h (овие бројки се случајни и се изведени од првичните анализи; пробниот семинар ќе покаже колку време ќе биде потребно за презентацијата)
- Простор на одржување непознато
- Предавачи: членови на Викимедија Македонија
- Присутни: ученици, студенти, други заинтересирани (новинарите се исто така вклучени)
Цели
editОвој проект има за цел да ја промовира слободната енциклопедија „Википедија“ и користите, кои таа ги нуди. Овој проект, исто така е начин за да се интересираат други луѓе (особено ученици и студенти)за да започнат да уредуваат на Википедија.
Придобивки
editПридобивките од овој проект би биле:
- Зголемување на бројот на луѓе, кои ги знаат основните информации за Википедија.
- Промовирање на уредувањето на Википедија, како работа која има бројни предности.
- Зголемување на бројот на активни корисници на Википедија.