Соопштение за последниот чекор во спроведувањето на еднокорисничката најава/Лично соопштение

This page is a translated version of the page Single User Login finalisation announcement/Personal announcement and the translation is 75% complete.
Outdated translations are marked like this.

Вашата сметка ќе биде преименувана

Здраво,

Развојната екипа на Фондацијата Викимедија врши извесни измени во работењето на сметките како дел од постојаните напори да им понудиме подобри алатки на корисниците. Со овие промени ќе добиете едно исто име на сметката за сите викија, што ви овозможува да добиете нови можности и функции за подобро уредување и разговарање, а покрај тоа, ќе овозможи пофлексибилни кориснички дозволи за алатките. Еден од придружните ефекти на измените е тоа што секој корисник ќе мора да има само по една сметка, што ќе важи за сите 900 викија на Викимедија. Повеќе информации ќе најдете во соопштението.

Нажалост, вашата сметка се коси со друга, која исто така го носи името „{{subst:PAGENAME}}“. Ова ќе пречи на пристапот, и затоа мораме да се осигураме дека во иднина двајцата ќе бидете во можност да ги користите Викимедиините викија. За оваа цел, вашата сметка ќе ја преименуваме во „{{subst:PAGENAME}}~{{WIKI}}“ во август 2013 г. Истото важи за низа други сметки.

Сметката ќе ви работи како досега, и на неа ќе се задржат сите уредувања што сте ги направиле досега. Меѓутоа, ќе мора да ја користите новата сметка (име) кога ќе се најавувате. Ако не ви се допаѓа новозададеното име, можете да побарате повторно преименување користејќи го овој образец.

Се извинуваме за непријатностите.

Ваш,
Кеган Петерцел
Врски со заедницата, Фондација Викимедија