Викимедија ЛГБТ+/Портал

This page is a translated version of the page Wikimedia LGBT+/Portal and the translation is 40% complete.
Outdated translations are marked like this.
Wikimedia LGBT+
Кратенка:
WM:LGBT
Викимедија ЛГБТ

Проект за поддршка на ЛГБТ-заедницата
развивајќи ја заедницата на ЛГБТ-викимедијанци
и ЛГБТ-содржини на Викимедиините проекти

Iberocoop
Iberocoop

Викимедија ЛГБТ е предлог за основање на тематска организација најавен на собирот „Викиманија 2012“. Има за цел да ги унапредува и распространува содржините на Викимедиините проекти што се од интерес за ЛГБТ-заедниците.

Задачи

  1. Да се поттикнат организациите посветени на ЛГБТ-културата да ги користат Википедиините проекти и да ги усвојат вредностите на слободната култура и отворениот пристап.
  2. Да ги промовира Викимедиините проекти како средство за зајакнување на ЛГБТ-заедниците.
  3. Да создава и проширува содржини на Викимедиините проекти кои се од интерес за ЛГБТ-заедниците и да го подобри севкупниот квалитет на таквите содржини на сите јазици.

Цели

  1. Да се подобрат приликите на уредување за сите учесници, осврнувајќи се на постапка за просто и брзо справување со непосакуваното или навредливо поведение поврзано со ЛГБТ, без оглед на половата определба на лицето.
  2. Да се обрати внимание на правилата за недискриминација по основа на род и полова определба на сите Викимедиини проекти, и учество во расправи на тема дискриминација од секаков вид.
  3. Да пружа поддршка за ЛГБТ-заедницата и нејзините соработници, вклучувајќи благонаклон однос на IRC и OTRS.
  4. Да се постави механизам за поплаки при неуспешно разрешување на спор, кајшто учесникот би сакал со неговиот случај да посредува самоискажано ЛГБТ-лице.
  5. Да се создаде побезбедна околина за ЛГБТ-читатели на Викимедиините проекти, со особена задршка на младите.
  6. Да се прошири заедницата на ЛГБТ-лица што учествуваат во Викимедиините проекти.
  7. Соработка и усогласување на потфатите низ повеќе википроекти што се занимаваат со поединечни содржини од сферата на ЛГБТ.

Стратегија

„Викимедија ЛГБТ“ ќе ги исполни зацртаните задачи на следниве начини:

  1. Ќе приредува обука за организации и поединци, со цел да ги оспособи за учество на Викимедиините проекти.
  2. Ќе создава, собира, обработува и објавува најразлични статистички податоци за употребата и квалитетот на содржините поврзани со ЛГБТ на Викимедиините проекти.

Иако членовите на „Викимедија ЛГБТ“ секогаш се добредојдени да учествуваат со содржини поврзани со ЛГБТ како поединци, проектот има делокруг чии содржини можат да се опфатат само со приредување на поголем број разни ЛГБТ-програми за проширување и збогатување на учеството. Предвидено е сите тие да учествуваат со својата стручност и способности во свето поле. Начелната практика вели дека секој оној што се занимава со образовно-просветна дејност за ЛГБТ-заедниците било каде и на било која област, треба да ги сподели информациите на Википедија. Лицето што ќе се најде во споменатото треба да може да се обрати во „Викимедија ЛГБТ“ за да добие соодветна обука и со тоа да се оспособи за споделување на информациите во проектите на Викимедија.

Исход

  • Зголемено учество и видливост на ЛГБТ-заедниците на „Викиманија 2012“ — со осврт на уште поголемо учество во следните викимании.
  • Поголемо (отворено) учество на членовите ЛГБТ-заедниците на сите Викимедиини проекти.
  • Усогласување на википроектите со ЛГБТ-тематика:
  • Напатствија за препорачување и подобрување на правила на сите Викимедиини проекти.
    • Огранок на Викимедија и правила за безбеден простор што би ги опфатил сите случаи на поплаки за хомофобен однос и непријатности, со брз и лесен начин на разрешување на проблемот.
    • Упатување на новите ЛГБТ-уредници (и оние што уредуваат на ЛГБТ-теми) како да бидат безбедни и каде да се обратат ако наидат на проблеми.
    • Просто упатство за справување со хомофобно малтретирање или закани на сите Викимедиини проекти и IRC.
  • Пристап до помош посветена на ЛГБТ-проблематика на вики, на IRC и по е-пошта (на пр. пристап до ЛГБТ-доброволци на OTRS преку lgbt wikimedia.org и $gay-mail).
  • Независно и стручно оценување на Викимедиините проекти и способноста на фондацијата Викимедија во справувањето со хомофобни проблеми.
  • Приредување на анкети и статистички извештаи за учеството на ЛГБТ-лица и доживувањето на уредништвото со цел да се направат подобрувања во иднина.
  • Модел за идни тематски организации на малцински заедници:
    • По можност да се отиде на „Викиманија 2013“ со барем четири такви проекти — меѓу нив и ЛГБТ.

Активности

Активности на „Викимедија ЛГБТ“:

Resolutions

!!FUZZY!!