Fundraising 2012/Translation/Sengai appeal/mk

This page is a translated version of the page Fundraising 2012/Translation/Sengai appeal and the translation is 100% complete.
  • Прочитајте:
    Лично обраќање на
    Д-р Сенгај Подуван, уредник на Википедија

Appeal

Од уредникот Д-р Сенгај Подуван

Роден сум во 1936, во сиромашно селско семејство во рурална Индија. Денес редовно ја користам Википедија и уредувам на неа.

Сакам Википедија да остане за сите идни поколенија. Ова е нашата годишна акција во која обезбедуваме средства за опслужувачите, малиот персонал и другите инфраструктурни трошоци без кои не би можеле да ја нудиме Википедија бесплатно и без реклами. Доколку сте во можност, би ве замолил да приложите $5, $20, $50 или онолку колку што ви се силите.

На мои години, човек сака да го сподели своето знаење и искуство со светот. Во текот на животот бев наставник, докторирав и 14 години работев како уредник на владина публикација. Добив пет ќерки и еден син, и сè уште се сметам за земјоделец со еден плуг.

Докторатот би неше на темата автохтони игри во сојузната држава Тамил Наду. Можеби никогаш нема да погледате некоја од моите статии. Но драго ми е што илјадници луѓе ги посетуваат и читаат. И чест ми е што на Википедија можете да ја најдете речиси секоја тема што ќе ја посакате.

Кога за прв пат купив сметач во 2005, тешко ми беше дури и да го користам глувчето бидејќи ми се тресат рацете. Но во 2009 ја открив Википедија. Еден ден направив статија за древните индиски поети. Наведов околу триесеттина и легнав да спијам. Утредента на истата страница најдов 473 имиња. Ете, затоа Википедија е успешна!

Би ве замолил да ни се придружите во нашите усилби, како уредник или со доброволен прилог - за да може Википедија и понатаму да биде бесплатна.

Ви благодарам,

Д-р Сенгај Подуван
учесник на Википедија