Универзален правилник на однесување/Преработени упатства за спроведување/Известување/Гласање 1
Претстојно гласање по преработените Напатствија за спроведување на Универзалниот правилник на однесување
Здраво на сите,
Во средината на јануари 2023 г. Напатствијата за спроведување на Универзалниот правилник на однесување ќе бидат ставени на второ ратификационо гласање во рамките на целата заедница. Ова следи по гласањето во март 2022 г. во кое мнозинството гласачи искажаа поддршка за Напатствијата за спроведување. Во текот на гласањето учесниците ги истакнаа важните прашања на заедницата. Комитетот за работи на заедницата при Одборот побара разгледување на тие проблеми.
Доброволечкиот Комитет за преработка се заложи за да го разгледа изнесеното од заедницата и да направи измени. Ги прилагодија проблематичните делови како барањата за обука и признание, приватноста и транспарентноста на процесот, како и читливоста и преводливоста на самиот документ.
Преработените Напатствија за спроведување можете да ги погледате тука, а промените можете да ги споредите тука.
Како се гласа?
Гласањето почнува на 17 јануари 2023 г.. Оваа страница на Мета дава прегледни информации за тоа како се гласа со SecurePoll.
Кој сè може да гласа?
Условите за право на глас во овој случај се истите како на изборите за Одбор на доверители на Викимедија. Погледајте ја гласачката информативна страница за повеќе поединости за подобноста за гласање. Ако имате право на глас, тогаш ќе имате пристап до гласачкиот опслужувач со вашата сметка на Викимедија.
Што ќе биде после гласањето?
Гласовите ќе се разгледуваат од независна група на доброволци, а исходот ќе биде објавен на Wikimedia-l, Форумот за стратегија на движењето, во Diff и на Мета. Гласачите и овојпат ќе можат да гласаат и споделуваат мислења за напатствијата. Одборот на доверители ќе обрати внимание на степенот на поддршка за изнесените мислења при разгледувањето на ратификацијата на Напатствијата за спроведување или нивна понатамошна разработка.
Во име на Проектната екипа на УПО,