Прибирање средства 2012/ПРевод/Видео за влијанието на Википедија (титлови)
00:00:00.000,00:00:05.000 Википедија е непрофитна, но сепак е петта стрнаица на интернет по посетеност. Сите статии се напишани од доброволци.
00:00:06.000,00:00:11.500 Би сакале да ве запознаеме со некои од нив...
00:00:12.000,00:00:13.000 Јас сум од Непал
00:00:13.100,00:00:14.000 Јас сум од Ирак
00:00:14.100,00:00:16.000 Јас сум од Индија
00:00:16.001,00:00:17.000 Јас сум од Бирам, Њу Џерси
00:00:17.100,00:00:18.000 Живеам во Бирмингем, Англија
00:00:18.100,00:00:22.050 Чикаго, Илиноис -- Ла Паз, Боливија -- Најроби, Кенија
00:00:22.051,00:00:24.000 Куала Лумпур, Малезија -- Милано во Италија -- Јужна Африка
00:00:24.100,00:00:26.100 Полска -- Јапонија -- Ерменија
00:00:26.200,00:00:28.000 Бразил -- Русија -- Боцвана
00:00:28.001,00:00:30.500 Израел -- Узбекистан -- Хонгконг
00:00:30.501,00:00:31.000 Инстанбул -- Мексико
00:00:31.001,00:00:32.000 Чатануга, Тенеси
00:00:33.000,00:00:38.000 На почетокот, кога се зачленив на Википедија во 2008 г., почнав многу статии.
00:00:38.100,00:00:44.000 Една од нив беше за жена по име Маријам Нур.
00:00:44.100,00:00:48.000 Дотогаш немавме страница за неа -- така ја започнав мојата прва статија.
00:00:48.100,00:00:52.500 И ја заборавив! По три-четири години
00:00:52.600,00:00:57.000 Наидов на статијата. Се запрепастив.
00:00:57.100,00:01:02.000 Ја прочитале преку 100.000 луѓе.
00:01:02.100,00:01:08.000 Ја користеле, добивале информации од неа. Ја читале,
00:01:08.100,00:01:15.000 па затоа добиваш впечаток дека имаш извршено влијание врз преку 100.000 луѓе.
00:01:15.500,00:01:19.000 Доживеав уплав кога за прв пат стиснав на копчето „уреди“.
00:01:19.100,00:01:24.000 Си реков, „Боже, па јас сè ќе расипам! Не може вака, не можам!“
00:01:24.100,00:01:29.000 Википедија има „отворен код“ -- каде секој може да нафрли свои идеи
00:01:29.100,00:01:34.000 а потоа доаѓа некој трет и ја усовршува идејата, доведувајќи ја до извонредност.
00:01:34.100,00:01:40.500 На Википедија работат илјадници луѓе работат секој ден, секој час, секоја минута -- со желба да ја подобрат.
00:01:40.501,00:01:44.000 Највеќето од тоа е доброволно. Посебен начин да дадете нешто од себе.
00:01:44.100,00:01:49.000 Ги зближува стручните и нестручните што имаат интерес во некоја дема.
00:01:49.100,00:01:54.000 Оние што на почетокот имале различни мислења почнуваат да соработуваат.
00:01:54.001,00:01:58.500 Многу нешта што би ги работело една голема интернет-корпорација
00:01:58.501,00:02:01.000 тука ги прават доброволци како мене.
00:02:01.100,00:02:05.000 Не можете туку-така да речете „Е па, јас сум во право, а ти си во грешка. Ова е мојата верзија на статијата!“
00:02:05.100,00:02:07.000 Ако постои проблем со пристрасност,
00:02:07.100,00:02:11.000 некој веројатно ја означил статијата како таква -- ако не, тогаш јас ќе ја означам.
00:02:11.000,00:02:13.000 Стотици илјадници луѓе ќе го видат тоа
00:02:13.001,00:02:15.000 и неисправностите ќе се поправат.
00:02:15.001,00:02:16.400 И тогаш стиснав на копчето и
00:02:16.401,00:02:19.600 Бум - Патешествието започна и беше феноменално.
00:02:19.601,00:02:21.000 Прво почнав со „Веројатност“.
00:02:21.001,00:02:24.000 Првата статија што ја почнав е „Веројатност“.
00:02:24.001,00:02:26.000 Меѓу поважните статии што ги напишав на Википедија е
00:02:26.001,00:02:27.400 статијата за убодни рани.
00:02:27.401,00:02:29.000 Пишувам за мушичарење,
00:02:29.001,00:02:32.000 Историја на Монтана, Историја на националните паркови, Јелоустоун.
00:02:32.001,00:02:36.100 Запоставени земјоделски култури. Шахисти. Биоразновидност.
00:02:36.101,00:02:39.100 Теми од воената историја. Историја на Ерменија. Историја на Рим.
00:02:39.101,00:02:42.100 Судии. Комуникации. Биографии. Фудбал.
00:02:42.101,00:02:45.901 Ирска. Пенсилванија. Претежно фотографија.
00:02:45.901,00:02:47.600 Пинк Флојд. Пекарство, бидејќи многу сакам да правам печива.
00:02:47.601,00:02:50.200 Атомско оружје и радиоактивност,
00:02:50.201,00:02:52.000 и кајакарство на брзи води.
00:02:52,201,00:02:56.000 Сите тие информации постојат некаде, но расфрлани се на парчиња,
00:02:56.001,00:02:59.000 а пак ние ги собираме и ги ставаме на едно место.
00:02:59.100,00:03:03.000 Нудиме бесплатни знаења за сите,
00:03:03.101,00:03:07.000 на нивниот мајчин јазик, за да можат да ги користат.
00:03:07.501,00:03:11.000 Секој има полза од ова, било да се богати или сиромашни.
00:03:11.001,00:03:16.000 Фирмите што работат за профит имаат поинакви цели и други потреби.
00:03:16.500,00:03:22.000 Од Фондацијата Викимедија не добивам плата, дури ни надоместок за трошоци.
00:03:22.001,00:03:25.500 Сметам дека е многу важно што можам да се изјаснам,
00:03:25.501,00:03:30.500 Кога замолувам за паричен придонес, не барам за себе --
00:03:30.501,00:03:36.000 Замолувам да одвоите по нешто за Фондацијата -- екипата што ја поддржува оаа чудесна заедница во која членувам.
00:03:36.501,00:03:41.400 Мислам дека Википедија ми даде шанса да имам големо влијание во светот.
00:03:41.401,00:03:48.000 Како своевидно вложување во иднината -- и вашата и онаа на вашите деца.
00:03:53.401,00:03:57.000 Ви благодарам
00:04:00.000,00:04:03.000 Содржината на снимкава се нуди под лиценцата Криејтив комонс НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови 3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/deed.mk) освен ако не е посочено поинаку. Припишувајте го на: Виктор Григас, Фондација Викимедија. Мислењата и гледиштата изразени на снимкава исклучиво им припаѓаат на поединците што ги искажуваат, и не мора да значи дека ги одразува ставовите на било која фирма, организација или установа во која членува поединецот. Заштитените знаци и логоата на Фондацијата Викимедија и секоја друга организација не подлежат на условите на лиценцата на Криејтив комонс. Заштитените знаци и логоата, вклучувајќи го „Wikipedia“ и логото со топчеста сложувалка, се правно заштитени знаци на Фондацијата Викимедија. Повеќе информации можете да најдете на нашата страница http://www.wikimediafoundation.org/wiki/Trademark_Policy или обратете се на trademarks@wikimedia.org.
00:04:03.000,00:04:05.000 Снимкава е издадена под лиценца на Криејтив комонс.
00:04:05.001,00:04:09.000 Како и самата Википедија, снимкава слободно може да се умножува, преработува и споделува.